Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Седумина од оваа златна генерација го носеа дресот на ФК Вардар

Седумина од оваа златна генерација го носеа дресот на ФК Вардар

125286813_665707284306145_5136745704049066556_n

Фудбалската репрезентација на Македонија вчера испиша историја пласирајќи се на едно големо натпреварување какво што е Европското првенство. Македонија ваков успех не памети, па затоа овие денови во нашата држава владее фудбалска еуфорија.

Златните момчиња на селекторот Игор Ангеловски ќе бидат со големи букви запишани и запаметени во историјата на македонскиот фудбал. Токму некој од нив првите чекори ги направија во ФК Вардар, а некој од нив се промовираа во вистински фудбалери токму во нашиот ФК Вардар.

Ако не сте знаеле, од овој ростер седумина го носеле дресот на ФК Вардар:

Мартин Богатинов (2007-2008)

Стефан Ристовски (2008-2010)

Иван Тричковски (2004-2006)

Дарко Велковски (2015-2018)

Бобан Николов (2015-2018)

Стефан Спировски (2014-2018)

Висар Муслиу (2017-2018)