Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар мора да бара нов тренер на голмани, Дејан Периќ не е повеќе дел од Европскиот Шампион
Вардар мора да бара нов тренер на голмани, Дејан Периќ не е повеќе дел од Европскиот Шампион

Вардар мора да бара нов тренер на голмани, Дејан Периќ не е повеќе дел од Европскиот Шампион

Европскиот ракометен шамион во наредниот период ќе биде во потрага по нов тренер на голманите. Дејан Периќ повеќе нема да биде дел од стручниот штаб на Вардар, со оглед дека својата тренерска кариера ќе ја продолжи во Германија.

Периќ пристигна во Вардар во месец февруари 2018 година, а неговото богато искуство се покажа како многу значајно во работата со голманите. Периќ имаше можност една година да работи со Арпад Штербик, после што мораше да бара замена на голманската позиција. Одлуката на Периќ отпадна на младиот анонимен голман од Партизан, Дејан Милосављев кој се покажа како големо засилување за голот на вардарци и вистинска замена за легендарниот Штербик.

Периќ во 2019 година ја освои и Европската титула со Вардар, а покрај Штербик имаше можност да работи и со Милиќ, Гедбан, Кугис, младиот и перспективен Марко Кизиќ, како и Ристовски и Кантегрел. Екипата на Фуксе Берлин ќе биде новата средина за Периќ, кој повторно ќе ја врати соработката со Дејан Милосављев кој по заминувањето од Вардар се пресели токму во овој клуб.

Останува да видиме кој ќе биде замената за Периќ, а следниот натпревар Вардар го игра на 19.ноември кога во С.Ц. Јане Сандански ќе ја пречека екипата на Киелце.