Monday ,07 October 2024
Последни:
Home > Историја > Историја: „4 во 1“ Часлав Божиновски: Куп 1961 како играч, како тренер рекорд без пораз `73, младинска титула `84, како претседател освоена титула `87
Историја: „4 во 1“ Часлав Божиновски: Куп 1961 како играч, како тренер рекорд без пораз `73, младинска титула `84, како претседател освоена титула `87

Историја: „4 во 1“ Часлав Божиновски: Куп 1961 како играч, како тренер рекорд без пораз `73, младинска титула `84, како претседател освоена титула `87

ЧАСЛАВ БОЖИНОВСКИ – Незаборавниот Часлав Божиновски кој потекнува токму од младинската школа на клубот несомнено е една од најголемите фудбалски легенди кој најпрвин како играч а потоа како тренер и директор мина 30 години од својот живот во Ф.К Вардар.

Роден е во далечната 1935 година и како „вардарово дете“ дебитира за првиот тим во сезоната 1954/1955 на натпреварот против Војводина (26.09.1954) кој завршува со нерешен резултат од 2:2. Во наредните 10 години за тимот на Вардар ќе одигра вкупно 297 натпревари зачинети со седум погодоци во противничките мрежи. Божиновски исто така беше незаменлив првотимец и во генерацијата која во 1961 година го освои националниот куп на поранешна Југославија.

tz

Како шеф на стручниот штаб на првиот тим најголемиот успех го постигнува во сезоната 1972/1973 кога тимот под негово водство постигна рекорд од 14 првенствени натпревари без претрпен пораз. Повеќе од една деценија подоцна, беше тренер и на младата екипа на Вардар која под негово водство во 1984 година триумфира во младинскиот куп на поранешна Југославија. Божиновски исто така беше директор во Ф.К Вардар кога во натпреварувачката 1986/1987, „црвено-црните“ се искачија на шампионскиот трон во првата југословенска лига.

По кратко боледување човекот кој му го посвети целиот работен век на најтрофејниот македонски фудбалски клуб, ненадејно почина на 15 октомври 2006 година.