Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Комити > Комити: Нема Европски Вардар без полни трибини, масовност и на мечот со Ренова
Комити: Нема Европски Вардар без полни трибини, масовност и на мечот со Ренова

Комити: Нема Европски Вардар без полни трибини, масовност и на мечот со Ренова

Комити се во ритам како што само они може да го наметнат и да го спроведат, постојано се во полн елан и го следат фудбалскиот и ракометниот клуб секаде каде што тој игра. Следи меч во домашната лига со екипата на тетовска Ренова за истиот тие излегоа со соопштение во кое се вели:

Стравувавме дека по високиот пораз од Зенит е можен пад на моралот кај Вардарци, и затоа се собравме во голем број да ги поддржиме играчите на дуелот со Скопје во Автокоманда…Сепак локалните самоволци без никакво образложение не дозволија влез на публика на стадионот со платен влезен билет. Полицијата на ова феудално самоволие одговори со кревање рамења. Се надеваме дека некој ќе даде некое логично образложение зошто вакви работи се случуваат исклучиво во Македонија?
Зрело одреагиравме и го проигнориравме овој очигледен обид да бидеме испровоцирани, но очекуваме одговор од надлежните, до кога ќе ни бидат ускратувани фундаменталните граѓански права во оваа држава?

Како и да е, тоа е сега зад нас, пред нас е нов дуел со Ренова, каде мора да ги залечиме раните и да се вратиме повторно на вистинскиот колосек, кон одбрана на титулата…
Нам вистинските Комити, резултатот не ни влијае и повторно на трибина ќе се појавиме во голем број (колку што е тоа можно во работен ден, во работно време) затоа што нашиот слоган “Било Кога Било Каде” не е само збор напишан на лист хартија или испеан во нашите песни, туку тоа ни е вкоренето и е наша идеологија!
Нема Европски Вардар без полни трибини!

#Мобилизација #РеВардаризација #СитеНаСтадион