Екипата на Татран Прешов е денешен ривал на РК Вардар во регионалната СЕХА Гаспром лига. Тренерот на нашиот противник хрватскиот стратег, Славко Голужа најавува дека неговите момци ќе се борат на овој дуел и гледа прилика за позитивен резултат:
Ние во Скопје не доаѓаме со “бело знаме“ затоа што за овој натпревар се подготвуваме доста добро. Очекувам да играме добар натпревар. Гледам шанса за изненадување, бидејќи Вардар е уморен од мечот во ЕХФ Лигата на шампионите со Висла. Мора да бидеме фокусирани од почеток до крај ако сакаме да бараме простор за сензација.