Утре фудбалскиот клуб Вардар ќе игра дуел од 6.коло во ПМФЛ, во истиот ние сме домаќини на екипата на тетовска ФК Ренова. Натпреварот се игра со почеток во 15 часот и 30 минути на Стадионот „Борис Трајковски“ во скопската населба Маџари. Фудбалската федерација за главен судија на овој дуел го одреди Ставрев Александар од Скопје.
На него ќе му помагаат: Кировски Марјан (Скопје) и Костадинов Дејан (Скопје), а за четврт судија е делегиран Влахо Константин Шуклев. Делегат на дуелот е Зердески Кочо (Кичево).