Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Мечот Вардар-Татран Прешов со пренос на МТВ со почеток во 20-45ч.
Мечот Вардар-Татран Прешов со пренос на МТВ со почеток во 20-45ч.

Мечот Вардар-Татран Прешов со пренос на МТВ со почеток во 20-45ч.

По вчерашниот слободен ден откако допатуваа од Полска црвено-црните ракометари денес  повторно играат меѓународен натпревар.  Тие ќе го  го пречекуваат Татран Прешов во “Јане Сандански“ во дуел од регионалната СЕХА Гаспром лига.

Дуелот се игра денес, 19-ти септември во Скопје со почеток во 20 часот и 45 минути. Од истиот пренос ќе врши Македонската радио и телевизија. Денес  ќе играме дуел во рамки на 4.коло од регионалното натпреварување. По повод овој натпревар на пресконференцијата вчера тренерот Гонзалес и капитенот Стоилов ветија борба, претпазливост и нови бодови за вардарци.