Во првото коло и деби натпреварот за ФК Вардар во групната фаза на Лигата на Европа кој се одигра во Скопје на Арената “Филип втори“ руски Зенит дојде до победа со високи 0-5. За играч на натпреварот беше избран Александар Кокорин кој покрај двата погодоци запиша и една асистенција на тој дуел, тој беше најзаслужен за првите три гола со кои натпреварот отиде во насока од која ние не можевме да се вратиме.
Токму он е избран за еден од најдобрите 11 играчи во ова прво воведно коло во ЛЕ за сезоната 2017/2018 година. Покрај него има два играчи од Милан, еден од Марсеј, Белирин од Арсенал.. целосниот избор погледнете го во продолжение.