Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Комити > Следните активности на Комити, поврзани со РК И ФК Вардар, како и со меморијалниот турнир во мал фудбал
Следните активности на Комити, поврзани со РК И ФК Вардар, како и со меморијалниот турнир во мал фудбал

Следните активности на Комити, поврзани со РК И ФК Вардар, како и со меморијалниот турнир во мал фудбал

Во следниот период следат нови натпревари за ракометната и фудбалската екипа на Вардар. РК Вардар го очекуваат мечеви во СЕХА и лигата на шампионите, додека пред ФК Вардар се натпревари во рамките на првата македонска фудбалска лига. Овие настани се секогаш поврзани со навивачката група Комити, која најавува поголема присутност на натпреварите кои следуваат. На својата официјална страна, Комити го напишаа следново:

-Следи еден период на зголемена активност на групата, активност во поглед на зголемен број натпревари како во фудбал (домашно првенсво, Лига Европа и Куп на РМ) така и во ракомет (СЕХА лига и ЛШ), но и настани поврзани со Обележување на Јубилејот 30 Години Комити Запад и 70 години ФК Вардар…
До крајот на оваа недела нашето ниво на посветеност треба да се зголеми неколкукратно бидејќи имаме збир на настани од секој домен, и сакаме на сите настани да им посветиме внимание и да им дадеме на значење:
- Денес, 19.09.2017г. во 20:45ч. – Сала Јане Сандански – РК Вардар – РК Татран Прешов СЕХА лига.
- Среда, 20.09.2017г. во 15:30ч. – Стадион Борис Трајковски, Маџари – 1 МФЛ – ФК Вардар – ФК Ренова
- Петок, 22.09.2017 – ВО ЧЕСТ НА ОТСУТНИТЕ – Меморијален Турнир во мал фудбал посветен на оние кои физички не се со нас. Со овој турнир започнува официјално Одбележувањето на Јубилејот 30 Години н.г. Комити Запад и 70 Години Фудбалски Клуб Вардар…
- Сабота, 23.09.2017 (Двојна програма) во 17:30ч. – РК Вардар – РК Нант – Лига на Шампиони 2 коло.
- Сабота, 23.09.2017 – Завршница на Турнирот ВО ЧЕСТ НА ОТСУТНИТЕ – Веднаш по Ракометниот Натпревар РК Вардар – РК Нант.
- Недела, 24.09.2017 – 15:30ч. – Стадион Тумбе Кафе Битола – 1 МФЛ – ФК Пелистер – ФК Вардар
Приклучи се, помогни организацијата на сите настани да помине беспрекорно…