Екипата-ПИВО која е дел од навивачката група на црвено-црните, Комити Запад, последните денови од веќе изминатата 2018 година ги искористи да се вклучи во хуманитарни цели. Ви го пренесуваме во целост нивниот текст:
Со цел да ја заокружиме и да ја испратиме годинава, се вклучивме во две хуманитарни акции.
За првата задоцнивме еден ден, но, нели, никогаш не е доцна. Го исконтактиравме отец Кирил Фидански од манастирот св. Наум во Радишани, кадешто дониравме облека, по некоја книга и друштвена игра, како и храна и средства за хигиена, за потребите на ЈЗУ “Психијатриска болница Бардовци” и згрижените лица во истата.
Втората акција беше приклучување на акцијата на Хуманитарната организација Св. Спас, кадешто дониравме 37 пакетчиња за најмладите.
Ви посакуваме Среќна Нова Година и Божикни празници!
Да живее Вардар и Македонија!