Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Комити > (ФОТО) Ниту 3.300 километри не се пречка за Комити да бидат со Вардар

(ФОТО) Ниту 3.300 километри не се пречка за Комити да бидат со Вардар

vardarfans-komiti

Околу 30-тина навивачи на Вардар го бодреа својот миленик на вчерашниот натпревар против екипата на Розенборг. За жал црвено-црните загубија, но успеаа да го постигнат првиот историски гол во групната фаза од лигата на Европа. Комити поминаа околу 3300 километри до Трондхајм, само за да бидат со Вардар на гостувањето во Норвешка. Секоја чест за овие момци кои покажаа дека нема граници кога се сака клубот.