Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Комити > Комити соопштение: Во Ѓорче Петров пред напреварот…
Комити соопштение: Во Ѓорче Петров пред напреварот…

Комити соопштение: Во Ѓорче Петров пред напреварот…

Соопштението на Комити Запад објавено на нивната официјална страница ви го пренесуваме во целост:

Во Ѓорче Петров пред натпреварот со домаќинот десетина членови на нашиот подмладок влегоа во непотребен конфликт со група граѓани кои не се членови на навивачка група.
Комити Запад се најстара и најголема навивачка група која има свој етички кодекс. Заради истиот членовите кои беа дел од овој конфликт ќе се соочат со реперкусии. Но, исто така мора да напоменеме дека при самиот конфликт биле користени пиштоли и значки од МВР надвор од работно времe. Ова е уште еден доказ дека во МВР работите се трули. На Кале се вадеа лисици, во Ѓорче се вадат пиштоли. Имаме ли држава?!
Истовремено ги разбираме објавите на МВР дека најостро ќе реагирале, нормално, дундата ги уценува политички, а овие бескичмењаци со расквавени колена и натртени задници им учинуваат на секој можен начин. Па така не брзаа да реагираат на трите случаи на убодни рани со ножеви користени од полтроните на дундата изминатите денови, веројатно поради истите причини поради кои селективно реагираат.
Исто така полтроните на шверцерската дунда Артан Груби побрзаа да промовираат некаква победа во изолираниот и од наша страна осуден и спречен инцидент, но ние не би дискутирале бидејќи тоа не беше навивачки судир.
Навивачките победи ние ги извојуваме таму каде што треба.Тие најдобро си знаат, а исто така и нивниот газда Артан Груби лично.
Да живее Вардар и Македонија !!!