Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Преглед! По 2.кола Вардар на врвот заедно со Металург, Куманово и Деспина
Преглед! По 2.кола Вардар на врвот заедно со Металург, Куманово и Деспина

Преглед! По 2.кола Вардар на врвот заедно со Металург, Куманово и Деспина

Во петокот започна со одигрување новата сезона 2020/2021 година во Женската сениорска лига, ден претходно сите тимови беа подложени на Ковид-19 тест кој го минаа без ниту еден позитивен член. Едната рунда се играше во петокот, во саботата беше ден за одмор, а веќе вчера се одигра 2.коло.

Вардар во двата меча се израдува на две победи, во гости ја совладавме Стружанка на домашен терен бевме подобри од Гевгелија. Ова се резултатите кои се постигнаа во воведните две рунди од новата сезона во женската сениорска конкуренција во салите ширум Република Македонија.

1.КОЛО

18/09/2020 ЖРК ЧАИР – РК КУЗМАН ВАРДАР 39 – 19
18/09/2020 ЖРК ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – РК ШАМПИОН 23 – 27
18/09/2020 ЖРК ГЕВГЕЛИЈА – РК ДЕСПИНА 26 – 29
18/09/2020 РК СПАРТАК – ЖРК КУМАНОВО 18 – 34
18/09/2020 ЖРК СТРУЖАНКА – ЖРК ВАРДАР 20 – 30
18/09/2020 ЖРК ПЕЛИСТЕР 2012 – ЖРК МЕТАЛУРГ

2.КОЛО

20/09/2020 РК ДЕСПИНА – РК СПАРТАК 21-18
20/09/2020 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК – ЖРК СТРУЖАНКА 15 – 24
20/09/2020 ЖРК КУМАНОВО – ЖРК ПЕЛИСТЕР 2012 48 – 19
20/09/2020 ЖРК МЕТАЛУРГ – ЖРК ЧАИР 27 – 26
20/09/2020 РК КУЗМАН ВАРДАР – ЖРК ОВЧЕ ПОЛЕ СУ 23 – 28
20/09/2020 ЖРК ВАРДАР – ЖРК ГЕВГЕЛИЈА 34 – 26

119988434_10218110721781745_7129480994126981526_o

На табелата очекувано на врвот се три тима, нашите црвено-црни девојки потоа екипите на Металург и Куманово. Покрај овие три најсериозни кандидати за врвот по две кола максимални шест бода има и тимот од Прилеп, екипата на ЖРК Деспина.

120073413_2792267001043793_6707010797342602776_n
ЗА СЛЕДНОТО, 3ТО КОЛО ОВА СЕ ПАРОВИТЕ:
Во четврток според протоколот за натпреварување во пандемија, ќе бидат извршени нови тестирања. Откако ќе се добијат негативни резултати повторно ќе се одиграат две кола, едното во петок на 25.септември, а другото два дена подоцна, во недела. Вардар е гостин во „Круме Кепевски“ кај тимот на ЖРК Спартак Кисела Вода.

25/09/2020 ЖРК ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ЖРК МЕТАЛУРГ 
25/09/2020 ЖРК ЧАИР – ЖРК КУМАНОВО 
25/09/2020 ЖРК ГЕВГЕЛИЈА – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК 
25/09/2020 РК ШАМПИОН – РК КУЗМАН ВАРДАР
25/09/2020 ЖРК ПЕЛИСТЕР 2012 – РК ДЕСПИНА 
25/09/2020 РК СПАРТАК – ЖРК ВАРДАР