Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар утре ќе игра во Гостивар
Вардар утре ќе игра во Гостивар

Вардар утре ќе игра во Гостивар

Од утре започнуваат мечевите од 1/16 финалето од Купот на Македонија, или првата рунда во нашете најмасовно спортско клупско натшреварување.

Поради тоа што во среда на Градскиот стадион во Гостивар истоимениот тим го дочекува составот на Тиквеш, ден порано, односно утре ќе се одига дуелот на Вардар Форино и Вардар од Скопје.

Очекуваме лесна и убедлива победа на Вардарци и пласман во 1/8 финалето. Се игра еден натпревар. Дуелот утре, започнува со почеток од 15.30 часот.