Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Натпреварот на Вардар со Елверум е одложен
Натпреварот на Вардар со Елверум е одложен

Натпреварот на Вардар со Елверум е одложен

Натпреварот од 2.коло во ракометната Лигата на Шампиони, меѓу Вардар и Елверум е одложен за друг термин. Мечот требаше да се одигра во четврток, во С.Ц. Јане Сандански, но истиот ќе биде одложен.

Македонија се наоѓа во црвената зона на Норвешка, како земја со зголемен број на заболени од корона вирус. Доколу Елверум допатуваше во Скопје, по враќањето ќе мораше да биде во 14- дневен карантин, а тоа ќе повлечеше дополнителни проблеми за Шампионот на Норвешка, кој ќе мораше да ги одложи сите наредни натпревари во тој период.

ЕХФ им излезе во пресрет на Елверум и ќе го одложи натпреварот со Вардар.