Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Комити > Џиџи е пуштен на домашно лекување, неговата состојба е подобра
Џиџи е пуштен на домашно лекување, неговата состојба е подобра

Џиџи е пуштен на домашно лекување, неговата состојба е подобра

Позитивни вести ни стигнуваат со шефот на стручниот штаб на ФК Вардар. Според информациите, Никола Илиевски-Џиџи е на домашно лекување, откако се чувствува подобро после комликациите настанати од корона вирусот.Информацијата ја потврдија и навивачката група Комити, која му посакува бргу враќање на теренот.

Џиџи го победи вирусот !
Ве известуваме дека здравствената состојба на Џиџи е подобра, па од пред некој ден тој е пуштен на домашно лекување.
Очекуваме набрзо да му помине изолацијата, и веќе во текот на следната недела да го видиме назад на клупата на Вардар. Во меѓувреме тренерскиот тим Грне, Тане, Фичо, Глигоров, Шани, Илиќ ги водат тренинзите, додека натпреварот во Битола официјално ќе го предводи Златко Таневски – Тане.