Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Комити > Комити: Сите натпревари на ФК Вардар ни значат, мобилизација и за последните две кола
Комити: Сите натпревари на ФК Вардар ни значат, мобилизација и за последните две кола

Комити: Сите натпревари на ФК Вардар ни значат, мобилизација и за последните две кола

Навивачите на црвено-црните, верните Комити Запад го следеа својот миленик на неделниот дуел во Кратово. Тие најавуваат активности до крајот на сезоната иако првенството веќе е решено. На нивната официјална страница напишаа:

Дваесетина автомобили полни Комити се одзваа на повикот за самоорганизирано гостување во Кратово вчера…А ни велеа што барате, зошто мобилизација, трошење ресурси и време кога натпреварот со Силекс нема никакво значење? 
Како да им одговориш кога тие кои прашуваат не ја разбираат нашата крвна група, матрица и колку е силна љубовта кон Вардар. 

Е токму затоа што многумина нема да разберат, уште од сега повикуваме на Мобилизација за последното коло и гостувањето во Струмица против Академија Пандев на 26 Мај…нека продолжи енергијата од Кратово.


Во меѓувреме да потсетиме дека во Недела 19.05 играме дома против Победа.
Два навидум незначајни натпревари до крајот на сезоната но ете ние одлучуваме дека нам ни значат, ни значи секој старт, шут, акција, корнер, аут и секое појавување на нашиот Вардар во било кое време и на било која точка на оваа планета!
#ЦрвеноЦрнаРеволуција #БилоКогаБилоКаде #СоТебеСеКомити