Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Македонија Ѓ.П го победи Вардар, на меч од кадетската Супер лига
Македонија Ѓ.П го победи Вардар, на меч од кадетската Супер лига

Македонија Ѓ.П го победи Вардар, на меч од кадетската Супер лига

Кадетите на фудбалскиот клуб Вардар утрово на теренот во населбата Јане Сандански го одиграа 25.првенствено коло. Подобри од црвено-црните беше екипата на Македонија Ѓ.П, која славеше со резултат 0:2.

Вардар: Величковски, Николов, Митревски, Манасиевски (c), Демири, Цури, Спировски, Ристовски, Трајановски, Мицевски, Ангелковски.

Двата гола паднаа во второто полувреме и тоа во 63 минута кога погоди Давид Блажевски и во 80 минута со голот на Руфат Чалафи, за конечни 0:2 на овој меч од кадетската Супер-лига.

Можеби овој триумф на Македонија Ѓ.П беше очекуван со оглед дека води голема борба за титулата со екипата на Шкендија, со која пред одигрување на ова коло имаа еднаков број на освоени бодови.