Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Преглед 15коло! По високата победа на ЖРК Вардар, и “киксот“ на РК Алушoвски, една победа не дели од кадетски Ф-4
Преглед 15коло! По високата победа на ЖРК Вардар, и “киксот“ на РК Алушoвски, една победа не дели од кадетски Ф-4

Преглед 15коло! По високата победа на ЖРК Вардар, и “киксот“ на РК Алушoвски, една победа не дели од кадетски Ф-4

Поволно 15.коло во кадетската лига за девојките на ЖРК Вардар, тие победија во гости кај РК Кале во Кичево, а воедно и останатите резултати им овозможуваат лесен пат до Ф-4. По ова коло сме многу блиску до пласман на завршницата, потребна ни е  САМО ЕДНА ПОБЕДА во последните три меча.

Во дуелот на четвртиот тим  кој беше домаќин, екипата на  ЖРК Макаловски   и тимот кој е зад нас Алушовски победа однесе домашниот кадетски состав со што значајно ни се олесни патот до завршницата. Двата тима зад нас имаат по ова коло 24.бодови, ние со победата кај ЖРК Кале дојдовме до 28.бода на нашето конто. До крај има за одигрување три кола, и тука нашата позиција е поповолна. Ние ќе играме три меча па може да “напаѓаме“ девет бода, тимовите на ЖРК Макаловски и ЖРК Алушовски имаат за играње два меча и во едно коло се слободни, односно максимално може да освојат шест бода.

Во саботата прославија пионерска титула, вчера дојдоа на чекор до кадетски Ф-4

Во саботата прославија пионерска титула, вчера дојдоа на чекор до кадетски Ф-4

Честитки за одличната пролет на пионерките кои играат во кадетската лига, тие во пионерската веќе се крунисани. Во Делчево го дигнаа шампионскиот пехар овој викенд, останува само сконцетирано до крајот на кадетската лига каде се значајно помали да обезбедат пласман на Ф-4. Девојките на Платон и Папуџиева, можат, сакаат и се способни  за реализација на овој предизвик. Тренерскиот двоец успеа да направи компактен тим, кој пред се го краси тимската игра, поврзаноста во еден колектив што носи успех.

  РЕЗУЛТАТИ 15.КОЛО:

* ЖРК Илинден Вардар – ЖРК Филип Вардар 23:5
*ЖРК Кале М.К- ЖРК Вардар 22:44
* ЖРК Макалоски – ЖРК Алушовски 18:17

Слободни: – ЖРК Лихнид и Деспина

Табелата по 15.кола сега изгледа вака:

1.Деспина 31 бод (12 одиграни)
2. ВАРДАР 28 бода (11 одиграни)
3.Алушовски 24 бода (12 одиграни)
4. Макаловски 24 бода (12 одиграни)
5. Лихнид 18 бода (12 одиграни)
6. Кале 9 бода
7. РК Илинден 9 бода
8. РК Филип -1