Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Комити > Комити: Ако сакате овој сон да трае бидете дел од клубот со кој се гордее цела Македонија и позади кого стои огромна Црвено Црна навивачка Армија
Комити: Ако сакате овој сон да трае бидете дел од клубот со кој се гордее цела Македонија и позади кого стои огромна Црвено Црна навивачка Армија

Комити: Ако сакате овој сон да трае бидете дел од клубот со кој се гордее цела Македонија и позади кого стои огромна Црвено Црна навивачка Армија

Вардар и трета сезона по ред ќе се обиде да стигне на завршниот турнир во Келн. Пик Сегед ќе пречката кон патот за Келн, а Комити објавија ново соопштение кое ви го пренесуваме во целост.

-Утре за нас е важен ден, еден од најважните во последниот период. Како што сте секогаш со нас, утре ве замолуваме да бидете дел од нас уште повеќе . Ќе споделиме неколку нешта:
1) Собирот утре е многу важен. На Собир сакаме да дојдете во голем број, му ветивме на гробот дека ќе го испочитуваме како што треба и доликува Царот Пирински, Величенствената личност од Македонската историја по кого и нашиот ракометен храм го носи неговото име. СОБИРОТ е закажан кај Споменикот на Јане Сандански (Аеродром / Ново Лисиче) од 18:00ч.
2) Во сала ве повикуваме сите да го дадете максимумот. Ни најавија големи промени и можно згаснување на сонот за повеќедецениско владеење на Европа, место кое го заслуживме сите заедно со нашиот однос кон клубот, играчи, стручен штаб, управа, навивачи…Створивме нешто што ретко кој го има, создадовме мит и легенда која ќе се прераскажува, и иако многумина на прва ќе одговорат дека сето тоа го овозможија исклучиво финансиите, грешите, нашиот клуб има душа и срце, заедно дишеме на сите натпревари, заедно се радуваме и понекогаш тагуваме…ВАРДАР бил и ќе биде, но да не дозволиме тоа да остане само реалност која е недоволна да биеме рамноправни битки со големите…
Се приклучуваме на повикот на нашиот спонзор од Русија кој покрај вас, нас и Вардар стана поголем Македонец од многумина од нас! Ако сакате овој сон да трае бидете дел од клубот со кој се гордее цела Македонија и позади кого стои огромна Црвено Црна навивачка Армија!
Во таа чест повторно ве повикуваме утре заедно да чекорите со нас
Од Јане Сандански – До Јане Сандански – За Јане Сандански и митот на непобедливоста, За уште еден собир со најдобрите, За уште една Титула !!!
3) ИМАМЕ НОВИ ШАЛОВИ – еве ги на плакатот! Да ја освежиме нашата трибина и да го живнеме нашиот коп кој веруваме утре ќе биде исполнет со навивачки ликови! Ултраси, само такви има во нашиот коп, затоа што и тие кои не се стануваат, понесени од енергијата која само ние во наш познат состав ја создаваме!

4) Ексклузивно!!! Бидејќи многумина не повикуваат, се решивме да одговориме…Утре на Собир во 19:00ч. јавно ќе го соопштиме нашиот став за 5 Мај !!!
БИДЕТЕ ТАМУ !!!

ШАЛОВИ САМО НА СОБИР. Цена 500 ден.
КАРТИ САМО НА СОБИР: 150 ДЕН

Нема да заборавиме, Честитки до нашиот фудбалски колектив и победата во Ѓорче!

НЕКА ГРМИ НИЗ ЦЕЛО СКОПЈЕ !!!