Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар не го дава врвот, службени бодови на мечот против Пелистер
ЖКК Вардар не го дава врвот, службени бодови на мечот против Пелистер

ЖКК Вардар не го дава врвот, службени бодови на мечот против Пелистер

ЖКК Вардар не го дава врвот во Првата лига каде имаше идентичен скор како и актуелниот шампион Бадел 1862. По 21.коло двата тима имаа по 18 победи и еден пораз на домашен терен од конкурентот, сепак црвено-црните дами на Жаклина Стојановска имаат повисока победа в гости над баделки.

Во вчерашното 22.коло црвено-црните дами требаше да бидат домаќини на екипата на ЖКК Пелистер од Битола во 20-30 часот во малата сала при С.р.ц “Кале“. Сепак иако се беше подготвено, нашиот тим беше на теренот се загреваше, судииите беа подготвени ривалот едноставно не се појави во Скопје. Сосема нормално беше доделена службена победа на вардарки, 19-та оваа сезона со која се вивнавме на првата позиција.