Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Slider > Медија тимот на СЕХА-лигата со интересна анализа, дали за Вардар може да се повтори 2017 година
Медија тимот на СЕХА-лигата со интересна анализа, дали за Вардар може да се повтори 2017 година

Медија тимот на СЕХА-лигата со интересна анализа, дали за Вардар може да се повтори 2017 година

Во пресрет на денешниот прв меч од 1/4 финалето во Лигата на Шампионите, помеѓу екипите на Вардар и Пик Сегед, од официјалната страна на СЕХА-лигата излегоа со интересна најава.

Во 2017 година кога Вардар успеа да испише историја и да стане Европски Шампион, се започна од завршниот турнир во Брест, каде успеавме да ја освоиме СЕХА-лигата. Во големото финале ја совладавме екипата на Веспрем со резултат 26:21, додека четворица играчи на Вардар се најдоа во најдобриот тим на Ф4 турнирот ( Кањелас, Дибиров, Чупиќ, Борозан), додека тренер на екипата на беше Раул Гонзалез. Истата сезона стигнавме до Келн и ја покоривме Европа.

Две години подоцна, црвено-црните повторно се пласираат на Ф4 турнирот во СЕХА-лигата, кој повторно за домаќин го има градот Брест. И тука играме во големото финале и повторно постигнуваме 26 голови, а противник ни беше тимот на Загреб. На крајот повторно четворица наши ракометари се прогласени во најдобриот тим ( Милосављев, Дибиров, Кристопанс и Стоилов), додека оваа сезона сме предводени од Гарсија Парондо.

На крајот од текстот стои прашалник, дали Вардар може да ја повтори историјата од пред две години и да ја освои Лигата на Шампионите.