Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > (ВИДЕА) Од домашните дуели на ЖРК Вардар против Металург и Пелистер
(ВИДЕА)  Од домашните дуели на ЖРК Вардар против Металург и Пелистер

(ВИДЕА) Од домашните дуели на ЖРК Вардар против Металург и Пелистер

Завчера, во  големото дерби од Плеј-офот, лидерот на табелата ЖРК Металург гостуваше кај Вардар во “Јане Сандански“. Вардарки кој се помлади тим од ривалот влегоа во костец, од минута во минута се бореа, постојано изедначувајќи и поведувајќи по секоја серија на сино-белите. На крајот одигравме реми големо како триумф, дури на 24-24 во последните моменти “гредата“ го спаси ривалот од пораз.

Од денес па во иднина Вардарфанс во соработка со “Sport.Video Macedonia“ ќе ви овозможи покрај нашите извештаи и фотогафии да гледате видеа  од мечевите на ЖРК Вардар. Станува збор за пионерски проект на ентузијасти кој ќе се обидат да ви овозможат видеа од македонските ракомети и други настани, истите ќе бидат со врвен квалитет и достапни он-лајн за широката спортска публика. Го поздравуваме овој нов концепт на момците од Спорт.видео Македонија.

Најнтересните моменти, односно сите  головите на црвено-црните  на мечот со Металург и дел од  одбраните на одличните на овој дуел Трајкоска Јована  и Грујовска Симона може да ги погледнете на следниот ЛИНК!

*Натпреварот против битолски Пелистер може да го погледнете ОВДЕ!

НАПОМЕНА: На дел од андроид верзиите нема да го отвори веднаш видеото, пробајте од ПЦ или повторно, наскоро момците од Спорт.видео ќе го решат и тој момент!