Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Комити > Комити: Донирај за ФК Вардар, сите средства ќе бидат наменети за функционирање на клубот
Комити: Донирај за ФК Вардар, сите средства ќе бидат наменети за функционирање на клубот

Комити: Донирај за ФК Вардар, сите средства ќе бидат наменети за функционирање на клубот

Денес, ФК Вардар е домаќин на тимот на Тетекс, на натпревар од 28.коло во ВМФЛ. Навивачката група Комити на својата официјална страна го објавија следново:

ВРЕМЕ Е ЗА ДОНАЦИЈА!

Утре е важно секој член да дојде на собирот пред натпреварот, кој започнува во 15:00ч, пред Кино Маџари.

Заедно со нашите браќа Војводи, да го најавиме братското дерби. Поаѓањето кон стадион, најдоцна во 16:00ч.

Пред стадионот, ќе можат да се купат следните реквизити:

Маичка (Црвена и црна) со логото на Вардар
Цена: 500 ден.
Маичка со гумирано лого
Цена: 600 ден.
Пред стадионот ќе биде поставена и кутија за донации. Сите собрани средства ќе бидат наменети за функционирањето на клубот и групата.
Разбери ја важноста на овој историски момент. Ти си Вардар, нема никој друг, затоа не се мисли!
ДОЈДИ | ДОНИРАЈ | НАВИВАЈ.