Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар со „празни раце“ од Битола, Еурофарм Пелистер е блиску до титулата
Вардар со „празни раце“ од Битола, Еурофарм Пелистер е блиску до титулата

Вардар со „празни раце“ од Битола, Еурофарм Пелистер е блиску до титулата

Вардар загуби на гостувањето во Битола од екипата на Еурофарм Пелистер и најверојатно нема да ја одбрани титулата во Супер лигата. Црвено-црните се поразени со резултат  26:23.

До 10.минута од натпреварот се играше гол за гол, последното израмнување беше при резултат 5:5, за екипата на Еурофарм Пелистер да постигне четири голови во серија и да поведе со 9:5 во 13 минута. До овој период немавме голманска одбрана, додека на спротивната страна, Лесјак запиша три интервенции. Со подобра игра на Вардар, Гоце Георгиевски го намали резултатот на 9:7, за домашниот тим да влезе во нова серија и да поведе со највисоки 13:8. На нашиот гол беше направена измена, Ристовски го замени Томовски кој немаше одбрана. Вардар имаше фуриозни пет завршни минути од првиот дел, со три гола на Манасков и еден на Талески успеа до крајот да намали на само еден гол разлика 13:12, за Ристовски во последната секунда да одбрани и седмерец на противникот.

Вториот дел стартуваше со нова одбрана на Ристовски, за Манасков од пенал да го израмни резултатот на 13:13. Во следните шест минути гледаме игра гол за гол, резултатот во 37 минута гласеше 16:16. Пелистер прави серија од 4:0 и поведува со 21:17 во 43 минута, по што Недановски побара тајмаут. Црвено-црните прекинаа лоша серија и со голот на Јагуриновски намалија на 21:18 во 47 минута, а Ристовски ја забележа и седмата одбрана. Следуваат неизвсни десет минути, со гол на Георгиевски намаливме на само еден гол разлика, резултатот во 40 минута гласеше 21:20. Вардар одигра лошо до крајот, противникот поведе и со пет гола разлика, избраниците на Недановски се вратија на три гола негатива, но немаше време за поголема неизвесност, Еурофарм Пелистер славеше со резултат 26:23.