Своето деби на официјален натпревар за сениорската екипа, на вчерашниот натпревар против Тетекс го имаа тројца играчи од школата.
Огнен Здравковски, Тино Спасиќ и Максим Бундалески дебитираа за првиот тим, а Здравковски асистираше за погодокот на Жоглев.
Настап забележаа и Марко Стојилевски и Горјан Цветков, кои за прв пат започнаа во стартниот состав, а играа уште и Ѓорѓи Дошев и Давор Серафимов.