Во вторник (09.05) во рамките на машката кадетска ракометна лига, екипата на Вардар предводена од Зоран Петковски ќе биде домаќин на Голден Арт КЛ7.
Натпреварот во вторник ќе се одигра во спортската сала на „ОУ Круме Кепески“ со почеток од 18:00 часот. Божидар Васевски и Драган Начевски се одредени за судии.
Ова ќе биде последен натпревар во регуларниот дел од сезоната во групата А од кадетската лига.