Во недела 22 ноември вистински црвено-црн неделен ден не очекува сите, а особено најверните навивачи на црвено-црните екипи навивачката група “Комити“. Истите познати по својата верност и посветеност на својот љубимец ќе ги проследат и ќе дадат поддршка на фудбалскиот и ракометниот колектив.
Комити утрото ќе заминат на југозападниот дел од нашата република во струмичкото село Турново на дуел со домаќинот Хоризонт Турново. Овој меч е дуел од рамките на 15.коло во првата македонска фудбалска лига. Комити ќе бидат со фудбалерите во обидот да се продолжи победничката серија оваа сезона во најсилната македонска фудбалска конкуренција. Мечот е закажан со почеток во 13-00. По неговиот крај најверните се упатуваат веднаш за скопската населба “Јане Сандански“ каде во истоимената сала гостува европскиот и шпанскиот ракометен владател од минатата сезона. Барселона предводена од капитенот на македонската ракометна репрезенација Кирил Лазаров гостува во кај црвено-црните во рамките на 8.коло од ЕХФ Лигата на шампионите. Навивачите ќе бидат сместени на својата трибина зад голот, влезот ќе изнесува само 100 денари за сите припадници на оваа навивачка група за дуелот со Барселона закажан за 17-45 часот. Се надеваме дека двата колектива помогнати од песната на Комити ќе изборат победи во двата дуели закажани за недела.