Екипата предводена од Пепи Манасков нашиот втор тим Вардар јуниор утре во рамките на десетото коло од Супер лигата ќе гостува на лидерот на табелата повеќекратниот македонски шампион РК Металург. Мечот ќе се одигра во салата Автокоманда, а почетокот на овој дуел е закажан за во 11-00 часот.
Металург е лидер на суперлигашната табела со максимално освоени 24 бода во осумте одиграни меча за металурзите во досегашниот дел од шампионатот. Веќе е одигран првиот круг од првата фаза во суперлигата, ова е втор дуел на црвено-црните и на екипата предводена од хрватскиот стратег Лино Чевлар, во првиот како гости плаво-белите беа поусшени во Кале во рамките на дуелот од воведното коло годинава. Вардарци за кој ова е деби сезона во најквалитетната лига по поразот минатото коло кај РК Охрид 2013 се наоѓаат на петата позиција од табелата со 15 бода колку што има и четвртопласираниот тим на Прилеп и шестопласираниот тим на Радовиш. Очигледно помеѓу овие три екипи со по 15 бода ќе се бара екипата која ќе го заземе последното четврто место од табелата кое води во плеј-офф разигрувањата со РК Вардар и Макс Струмица некаде напролет.Токму тимот на Радовиш веќе следното коло гостува во Скопје каде ќе го пречекаме како домаќини во нашиот храм С.р.ц “Кале“.