Најверните навивачи на Вардар, ,,Комитите” го најавуваат натпреварот в сабота на својот ФК Вардар кој ќе гостува на стадионот во Ѓорче.
Сабота во Ѓорче!
По неколку месеци апстиненција, повторно ќе можеме да го следиме Вардар надвор од стадионот, иако сѐ уште трае забраната за публика на трибините.
На овој натпревар ќе можете да го купите и вториот број од „Пивска Конверзација“ кој ќе оди во прилог со маичка, по цена од 500мкд. Собраниот приход ќе биде наменет за нашиот брат од западната трибина, на кој му се потребни финансиски средства за итна операција.