Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Стојчевски главен судија во Ѓорче
Стојчевски главен судија во Ѓорче

Стојчевски главен судија во Ѓорче

Познати се судиите за 6.коло во ПМФЛ. Делегиран за главен судија на скопската пресметка помеѓу Македонија ЃП и Вардар е Игор Стојчевски од Скопје.

По одиграни пет рунди, Македонија ЃП и Вардар имаат по седум освоени бодови, односно две победи, еден нерешен резултат и еден пораз. Се надеваме дека Вардар ќе ја продолжи серијата без пораз и на овој натпревар.

Дуелот Македонија ЃП – Вардар ќе се одигра во сабота со почеток од 15:30 часот на стадионот во Ѓорче.