Комити Скопје најавуваат поддршка за своите ракометари и во Полска. Овој викенд РК Вардар игра во Полска, против тимот на Кјелце, тим кој убедливо го добивме во Скопје. Во продолжение ви го пренесуваме соопштението:
НАЈАВА ЗА ГОСТУВАЊЕ !!!
Навивачката група “Комити Запад” организира гостување за ракометниот дуел во лигата на шампионите,помеѓу екипите на полски Киелце и нашиот скопски ВАРДАР ! Пријавувањето за патување ќе се одвива во Вторник (24-ти) и Среда (25-ти),од 19:00 до 21:00 ч. на Фонтана во Градски парк,а поаѓањето за Полска е во Петок во 13:00 ч. од Железничка станица ! Цената за патувањето изнесува 300,00 денари !
Со почит,
Комити Запад !