Tuesday ,21 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Челинџ куп: Жрк Вардар јуниор денес ќе го дознае противникот за 1/8 финалето
Челинџ куп: Жрк Вардар јуниор денес  ќе го дознае противникот за 1/8 финалето

Челинџ куп: Жрк Вардар јуниор денес ќе го дознае противникот за 1/8 финалето

Денес ќе се одржи ждрепка во Виена за паровите во следната фаза од Челинџ купот. Нашите девојки од Жрк Вардар јуниор го  очекуваат следниот противник во Челинџ купот на ЕХФ. Избраничките на Симе Симовски  претходно во ова натпреварување го совладаа Лондон ејнџелс во 3. рунда од Челинџ купот, со две убедливи победи.

Ова е најголем успех за младиот тим на Вардар јуниор во европските натпреварувања, тие се пласираа во осминафиналето што за ваква млада екипа е навистина голем успех . Младите вардарки ќе се најдат во “шеширот“ на не-носители за време на ждребувањето. Кој тим ќе падне ќе дознаеме денес во 14-00 часот по завршувањето на ждрепката. Можни противници на нашите ракометарки се следниве екипи : ДХЦ Сокол Поруба – Чешка, Рогаса Гран Канарија АЦЕ – Шпанија, Шулер Афбоувгроп/ДОС – Холандија, Вирто/Квинтис – Холандија,ЕКС Старт Елблаг – Полска, ЖРК Минаква Војводина Нови Сад – Србија, Кастамону Б. Генчлик СК – Турција и ХЦ Карпати – Украина