Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > 13 “Вардарци“ дел од Македонската кадетска ракометна репрезентација која го освои второто место во Бугарија
13 “Вардарци“ дел од Македонската кадетска ракометна репрезентација која го освои второто место во Бугарија

13 “Вардарци“ дел од Македонската кадетска ракометна репрезентација која го освои второто место во Бугарија

Машката кадетска репрезентација од националната спортска академија го освои второто место на Балканското првенство кое се одржа во Бугарија. Игравме против домаќинот, како и селекциите на Романија и Косово. Забележавме две победи во дуелите со Бугарија и Косово, а бевме тесно поразени од репрезентацијата на Романија. Во Македонската кадетска репрезентација доминираа играчи од екипата на Вардар, вкупно 13 ракометари доаѓаа од црвено-црниот состав.

Од младинската екипа на Рк Вардар Јуниор која ја предводи Зоран Петковски настапија следниве ракометари: голманите Кристијан Стојов и Мурат Куртановиќ, потоа Томче Стојановски, Стефан Апостоловски, Алија Амзоски, Дарио Јорданов, Горан Јовановски, Антонио Степановски, Христијан Ѓоршоски, Марио Гичев и Кристијан Лазов. Дел од оваа кадетска репрезентација беа и двајца играчи кои играат за екипата на Рк Вардар 2 кои се лидери во првата ракометна лига. Тоа се крилото Томислав Јагуриновски и пикерот Филип Арсеновски. Најефикасните стрелци во сите три натпревари беа токму Вардаровите играчи.

Првенството го отвориме против домаќинот Бугарија, натпревар во кој доминиравме и забележивме победа со резултат 32:20. Јагуриновски беше убедливо најефикасен играч со 10 постигнати голови, го следеа Амзоски со 7, Арсеновски и Апостоловски со 4 постигнати голови. На натпреварот со Романија, кој беше наш најголем конкурент за првото место бевме тесно поразени со резултат 27:24. Тука во поголемиот дел противникот имаше предност,во вториот дел нашата селекција се врати резултатски и успеаа дури и да поведе. Сепак финишот на мечот им припадна на Романија, која на крајот го освои првото место. Јагуриновски повторно најдобар стрелец со 7 голови, Јовановски постигна 6 и Апостоловски 4. Во последниот меч, бевме убедливи против селекцијата на Косово, со конечен резултат од 30:20. Во текот на целиот дуел имавме предност и во ниту еден момент не беше доведена во прашање победата. Амзоски беше стрелец на 7 голови, Јагуриновски, Арсеновски и Јорданов додадоа по 5.