Една можеби од најдобрите ракометарки изминативе три години во составот на Жрк Вардар, Сираба Дембеле заминува од екипата. Ова пред неколку минути го соопшти клубот преку својот официјален сајт. Иако клубот бил задоволен од нејзинитие игри и понудил нов договор, но француската репрезентативка се решила на нов чекор во незјината играчка кариера.
-И покрај нашите намери да ја задржиме во клубот, задоволни од досегашните нејзини настапи, Дембеле изрази желба да замине. Ние ја почитуваме нејзината волја, и и посакуваме многу среќа во нејзината кариера. Таа е пример за професионален играч кој максимално се посветува на обврските и дава се од себе за постигнување на добри резултати. Задоволство е секогаш да се работи со такви играчи, вели Давор Стојаноски, Извршниот директор на Вардар во изјава за сајтот на клубот.
Дембеле со екипата на Жрк Вардар на два пати учествуваше на завршниот турнир на најдобрите четири екипи, каде го освои бронзениот медал. Во нашиот состав дојде од екипата на Француски Тулон. Во наредниов период клубот треба да започне да бара алтернативна замена за Дембеле, од следната натпреварувачка сезона.