Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Комити > Комити: Ги помниме оние кои ни го исполнија срцата, но ги помниме и оние кои не разочараа
Комити: Ги помниме оние кои ни го исполнија срцата, но ги помниме и оние кои не разочараа

Комити: Ги помниме оние кои ни го исполнија срцата, но ги помниме и оние кои не разочараа

Утре во С.Ц Јане Сандански не очекува нов ракометен спектакл. Во Скопје ќе гостува “должникот“ тимот на Киелце, кој не совлада на првиот дуел во Скопје и ни го нанесе првиот пораз. За утрешниот дуел, најдобрата навивачка група во Македонија и најверните навивачи на Вардар, популарните Комити најавуваат инвазија на овој многу важен меч за црвено-црните. Ви го пренесуваме нивното соопштение во целост:

Ги помниме оние кои ни го исполнија срцата, но ги помниме и оние кои не разочараа…

Големи сме и простуваме, но понекогаш едноставно немаме право тоа да го сториме бидејќи тоа е работа на Бога, на нас е преку нашиот деветти круг кој ќе го создадеме да им ја овозможиме таа шанса да се сретнат со него!
На едниот му го простивме лошото минато и тоа го оправда со тоа што ни го постели тепихот кој не однесе кон вечната слава, и со тоа заслужено стана наша легенда засекогаш, другиот беше дел од нас, беше нашиот виртуоз и врвен спортист, но дали и човек?
ИНВАЗИЈА МОМЦИ, Зарем е потребно повеќе да се каже !!!
Влез: 100 ден.