Одлични вести стигнуваат од Вардар, кои велат дека пикерот Глеб Калараш ќе настапи на утрешниот дуел против екипата на Киелце. Рускиот репрезентативец доби директен црвен картон на последниот меч против екипата на Брест Мешков, но од ЕХФ одлучија дека немало никаква намера во неговиот прекршок, па затоа и нема да добие суспензија од еден меч. Тоа значи дека Калараш утре ќе го видиме на теренот во дуелот со Киелце. Оваа вест е одлична со оглед дека Вардар и така имаше доволно проблеми со повредени играчи, па дополнителното отсуство на Калараш ќе значеше голем проблем, за одбраната и нападот на Вардар, во кој ќе останавме со еден пикер. Знаеме дека Калараш е стандарден и во одбраната, па очекуваме утре голема борба со противничките играчи кои знааат да бидат доста груби во својата игра.
Утрешниот натпревар започнува од 17:30 часот, очекуваме полна сала и голема поддршка од вардаровите навивачи.