Навивачите на фудбалскиот клуб Вардар, популарните Комити Запад и покрај разочарувањето во Купот на земјава остануваат доследни на светите црвено – црни бои. Тие за “градското дерби“ кое ќе се игра во друг град, Велес повикуваат на масовно присуство. Екипата на ФК Работнички одлучи мечот од следното коло во ПМФЛ да го одигра на градскиот стадион во Велес. Вардар ќе се обиде да дојде до уште една победа која ќе го промовира во есенски шампион. Комити во својот повик на нивната официјална страница го велат следново :
-И покрај негативниот резултат од куп натпреварот против индијанците од Тетово продолжуваме онаму каде што застанавме, на ред се комшивките од градски парк.
ОДИМЕ СИТЕ ВО ВЕЛЕС !!!
ЗА ВАРДАР, ЗА СКОПЈЕ – АЈДЕ КОМИТИ !!!
05.12.2015
ФК Работнички – ФК ВАРДАР