Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар ја победи Макс Струмица, како увертира за мечот со Колдинг
Вардар ја победи Макс Струмица, како увертира за мечот со Колдинг

Вардар ја победи Макс Струмица, како увертира за мечот со Колдинг

Нашиот ракометен шампион се врати на настапите и победите во сеха натпреварувањето. Совладана беше екипата на Макс Струмица со резултат. Овој дуел беше само полесен тренинг за црвено-црните и увертира за натпреварот со Колдинг во лигата на шампиони.

Неизвесни беа само првите пет минути кога резултатот беше израмнет. Вардар успева да постигне неколку голови во серија и да поведе со 5:2. Милосавлевиќ само за момент го намали нашето водство на5:4. Следува повторно голеада на нашиот состав за највисоки 8:4 во тие моменти од мечот. Како одминуваше првиот дел нашата предност се повеќе растеше. Со голот на Душебаев веќе имаме седум гола позитива, или 12:5 во 15 минута од натпреварот. Имавме можност да стигнеме и до двоцифрена предност, кога резултатот беше 18:9. Сепак од тие моменти следи мал пад во нашата игра, тоа најдобро го искористува противникот да направи серија од 0:5. До крајот на првото полувреме, успеавме да заминеме на одмор со предност од пет голови 20:15.

Второто полувреме со гол го отвори Дејан Манасков кој беше одличен на овој натпревар. Страхиња Милиќ го започнува вториот дел на голот и за кратко успева да забележи две одбрани. Вардарци сериозно го одиграа овој период од мечот, кога не дозволија да дојде до олабавување во своите редови. Со голот на Лацковиќ за прв пат стигнавме до двоцифрена предност од 29:19. Последните 15 минути беа само рутина за црвено-црните, кои само ја зголемуваа предноста. Конечниот резултат гласеше 42:27.

Убедливо најефикасен во победата против Струмица беше крилото Манасков со 17 постигнати голови. Лука Циндриќ го заврши мечот со 6 погодоци. На голот подеднаква минутажа добија Ангелов и Милиќ. Ангелов имаше 7, а неговиот соиграч Милиќ забележа 9 успешни интервенции.