Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Комити > Комити: Одиме во Битола, на Вардар му треба поддршка !
Комити: Одиме во Битола, на Вардар му треба поддршка !

Комити: Одиме во Битола, на Вардар му треба поддршка !

Во среда, Вардар го очекува ракометното дерби во Битола, против екипата на Пелистер. Црвено-црните се наоѓаат во лоша серија на порази во Лигата на Шампионите, која трае седум последователни натпревари, после што дојде и до спогодбен раскин на договорот со Веселин Вујовиќ.

Она што радува е дека ракометарите на Вардар во Битола ќе имаат поддршка од своите најверни навивачи, Комитите, кои на својата официјална страна излегоа со кратко соопштение во врска со натпреварот во среда кој ќе започне од 18:00 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“

Жртви сме затоа што имаме големи срца. Баравме да им изградат стадион, и сега поради изградбата во тек, не ни е дозволено да присуствуваме на фудбал.
Останува Ракометното дерби, кое доаѓа во лош момент за Вардар по лошата серија и промената во стручниот штаб.
Одиме во Битола, според тоа како се одвиваат разговорите во моментов. На Вардар му треба поддршка !
Среда, 15.12
Железничка
14:00ч.
⚫ Сите во црно !