Во среда се игра дербито во машката ракометна Супер лига, во кое ќе се сретнат екипите на Еурофарм Пелистер и Вардар.
Од Еурофарм Пелистер објавија дека сите пуштени влезници за овој натпревар биле продадени за само неколку минути, а според правилата, само 50% од капацитетот на салата може да биде исполнет. Двете екипи се единствените претеденти за освојување на шампионската титула, па сигурно дека не очекува интересен и квалитетен натпревар.
Вардар го доби првиот натпревар одигран во С.Ц. Јане Сандански, но меѓувреме загуби од вториот тим на Еурофарм П, па сега двете екипи имаат еднаков број на освоени бодови.