Кадетите на РК Вардар дојдоа до значјна победа на гостувањето кај Металург РА во Автокоманда, црвено-црните избраници на Пепи Манасков одигра одличен меч, беа без безмалку пола тим на овој дуел, но не се предадоа и победија со 30-33.
Ние во оваа битка влеговме без дури четири клучни играчи, од минатиот меч суспензија заработија: Матеј Трајановски, потоа пикерот Александар Стојменов и Петковски Христијан. Фалеше и бекот Андреј Петрушевски поради повреда, но остатокот од момците беа решени да дојдат до победа за да ги продолжат надежите за пласман на Ф-4 турнирот.
Отворивме со гол за 0-1, по 10.минути беше резултатска симетрија на семафорот (4-4). Потоа домаќинот успеа да се долепи и да ја преземе предноста, Металург поведе со 7-5. Сепак одигравме поангажирано и ние успеавме исто така да ја преземеме предноста, во 19.минута поведовме со 9-10. Со тој гол предност влеговме во последната минута (13-14), Металург промаши два удара на нас ни останаа 12.секунди за напад. Во последните моменти од првиот дел погоди Алек Алексовскиза 13-15.
Влеговме фуриозно во вториот дел, по само 11.минути игра додадовме цели пет гола на предноста, па поведовме со недостижни седум плус (16-23) во 42.минута од дуелот. Вардаровите момцид беа тим кој диктира темпо, по ова убедлива разлика се веќе беше решено ние ја имавме победата во рака. Триумфиравме со резултат 30-33.
*Видео од целиот тек на дуелот може да погледнете-TУКА!