Финишираше првиот натпреварувачки дел во ракометната Лига на Шампиони. После десет одиграни кола, екипата на РК Вардар 1961 се наоѓа на шесттото место со 5 освоени бодови, односно има забележано само две победи, еден нерешен резултат и седум порази.
Вардар може да се пофали само дека го има вториот најдобар стрелец моментално во ЛШ. Тоа е Тимур Дибиров кој е на второто место со 58 постигнати голови, додека првото место е за Алексис Гомез од Барселона кој има 59 погодоци.