Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Комити > Комити: Одиме во Струмица, ќе бидеме покрај Вардар секогаш и секаде
Комити: Одиме во Струмица, ќе бидеме покрај Вардар секогаш и секаде

Комити: Одиме во Струмица, ќе бидеме покрај Вардар секогаш и секаде

Во недела на програмата е последното 36.коло во ПМФЛ, во кое Вардар гостува во Струмица, кај екипата на Академија Пандев. Без разлика на се, Комити најавуваат инвазија во Струмица, за поддршка на своите миленици. Тие на својата официјална страна излегоа со соопштение, кое ви го пренесуваме во целост:

Вардар е нашата причина…
Дури и кога целиот свет е против нас, и кога сме отфрлени како непогодни од сите страни затоа што не прифаќаме да станеме нешто што не сме и нема да бидеме…Дури и кога и Вардар е против нас иако сме спремни да го положиме животот за тоа име, кое го поистоветуваме со името Македонија уште од нашите почетоци и идеата за Суверена и Независна Македонија.
Ќе бидеме покрај Вардар секогаш и секаде, му се допаѓало тоа некому, секому или никому, искрено не ‘не заболе…
Одиме во Струмица иако логиката кажува дека е непотребно и залудно, одиме баш заради оние кои го носат тој дрес со тие бои црвена и црна, кои го симболизираат непокорот, крвта врела и тагата, а кои не виделе денар а играат од срце за нас и за нашето име, нашата партија и религија. За Вардар наш, нема компромиси, нема ни логика само срце кое не престанува да чука.
Би и се пос.але на таа Европа која е под капата на УЕФА, не би ни значело ни да не бидеме дел од елитата, но зошто кога заслуживме да бидеме таму да не ги покажеме нашите квалитети и да не биде награден целиот наш заеднички труд и посветеност? Зошто наместо Европски амбиции наше главно скандирање кое треба да ги мотивира играчите во Недела биде “ИГРАЈТЕ ОД СРЦЕ ЗА ВАРДАР”, зошто? Ние сме ионака само поради тоа срце, но тие од тоа живеат!
Поддршка за играчите и клубот кои се лојални и кога многумина би заминале, се ова е само за вас.
Одиме во Струмица!!!
Недела, 26.05 – Поаѓање од Железничка во 13ч. – А. Пандев – ФК Вардар