Навивачката група „Комити“ излезе со реакција. За нив, стадионот секогаш ќе има едно име – „Градски Стадион – Скопје”, Република Македонија !
Понесени од нагонот за преименување на се што е гордост, традиција и Македонски идентитет, повторно се дрзнаа ‘семоќните’ да го преименуваат нашиот втор дом… Но овој стадион секогаш бил, е и ќе биде “Градски Стадион – Скопје”, Република Македонија !!! “Што е тоа во луѓето тажно, што живеат во животи туѓи?” – еднаш праша Маестро Тоше, но не му беше одговорено…
.
Прости им Великану, не знаат што прават !!!
#ЧујтеВиеНеразбраниТрговци #ГРАДСКИСТАДИОНСКОПЈЕ #ТошеЖивееВечно