Радувај се Македонијо!
По пауза од 12 години, Македонија се враќа со медал од едно европско првенство во борење. Попладнево на европскиот шампионат во Романија, Владимир Егоров (-57 кг) го победи Андреј Дуков од Романија со 7-4 и успеа да донесе голем сениорски медал од ЕП за нашата земја.
Егоров одлично го отвори дуелот и поведе со 2-0. Во втората рунда Дуков се врати и успеа да поведе со 4-2, а Егоров имаше фантастичен финиш за конечни 7-4.