Friday ,22 January 2021
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Мартин Димов: Во плеј – аутот можеме против секого и на секоја утакмица одиме на победа
Мартин Димов: Во плеј – аутот можеме против секого и на секоја утакмица одиме на победа

Мартин Димов: Во плеј – аутот можеме против секого и на секоја утакмица одиме на победа

Екипата на Вардар Јуниор продолжува со победите во плеј-аутот од најсилната супер лига, откако во претходното коло успеаа да остварат победа на гостувањето кај екипата на Прилеп. Ова е голем триумф за младите вардарци кои се блиску до главната цел, која беше зацртана на почетокот од сезоната, а тоа е опстанок во супер лигата. Победата против Прилеп беше вкупно седма оваа сезона, а трета во плеј-аут разигрувањето. Во најголем дел од мечот имавме предност и на крајот заслужено го совладавме домашниот тим, со резутат 27:35. Одличен натпревар одигра десното крило во редовите на Вардар Јуниор, се работи за Мартин Димов кој беше втор стрелец во нашиот состав со 7 постигнати голови. Тој за нашиот сајт ги сподели впечатоците од триумфот против екипата на Прилеп.

-Со победата над Прилеп практично и обезбедивме опстанок во суперлигата за идната сезона. Добро се подоготвивме  за овој натпревар, противникот беше добро анализиран и победата не беше загрозена во ниту еден момент. Беевме подобри од екипата на Прилеп, како играчки така и тактички, како што покажува  и резултатот. Во вториот дел дојде до целосен израз нашиот квалитет каде што потполно го надигравме противникот. Во плеј – аутот можеме против секого и на секоја утакмица одиме на победа, изјави Димов.

Како изгледа табелата во плеј-аутот разигрувањето:

1. Охрид  39

2. Струга  34

3. Вардар Јуниор  21

4. Радовиш  18

5. Прилеп 13

6. ГРК Борец 0

Звонко Ивановски