Популарните ,,Комити” излегоа со ново соопштение на нивната официјална Фејсбук страна.
Ви го пренесуваме нивното соопштение во целост:
Ваква страст, хемија и взаемно почитување помеѓу сите делови од семејството Вардар, немало оддамна.
Затоа резултатот е тој што е, Ние сме Прваци на Македонија со 11 бодови предност пред ривалот за титулата !
Прашањето кое виси и кое ни создава тензија е дали тоа што е очигледно според многумина чие мислење е релевантно, го препознаваат и во ФФМ?
Едно е сигурно, секоја друга одлика освен Признание и доделување на титулата, која е заслужена на теренот и чиста, ќе значи необјективност, навлегување во други моменти кои немаат допирна точка со спортот, и дирекна провокација кон цело Црвено-Црно семејство !
Веруваме во објективноста, и дека ќе преовлада се она што го прави спортот привлечен и волшебен. Но истовремено, да се разбереме, Расизам и шовинизам нема да толерираме !