Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Аврамовски: Запамтете ги добро овие момци, запамтете ја добро оваа екипа, Вардар е таму каде што му е местото
Аврамовски: Запамтете ги добро овие момци, запамтете ја добро оваа екипа, Вардар е таму каде што му е местото

Аврамовски: Запамтете ги добро овие момци, запамтете ја добро оваа екипа, Вардар е таму каде што му е местото

Најдобриот стрелец во ПМФЛ за оваа сезона, Даниел Аврамовски како и многуте вардарови фудбалери се обрати на својот Фејсбук профил. Одличниот офанзивец вели да се запамти оваа екипа и овие момци, а додава и да бидат горди сите навивачи на Вардар, на нив.

,,Запамтете ги добро овие момци, запамтете ја добро оваа екипа. Екипа составена од пред све одлични личности, одлични фудбалери, момци со карактер и срце, момци во кои на почетокот никој не веруваше во нив и не покажуваше ни малку респект ама сите ние заедно денес сме шамиони на Македонија. Горди што го носиме Вардаровиот дрес, бидете горди и вие сите навивачи на Вардар низ цела Македонија и пошироко. Вардар е таму каде што му е местото а тоа е на врвот, ВАРДАР Е ШАМПИОН, да живее Вардар и Македонија” , напиша Аврамовски.

Аврамовски сезонава застана на 10 погодоци.