Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Комити > Комити Запад- Соопштение за мечот со Флензбург

Комити Запад- Соопштение за мечот со Флензбург

Комити на нивната официјална страница  излегоа со соопштение по повод мечот во Лигата на шампионите со германски Флензбург, во истото кое ви го пренесуваме во целост се вели:

СООПШТЕНИЕ

Поради игнорантскиот однос на управата на РК ВАРДАР и поради нивната еднострана одлука на најважниот момент во клупската историја на РК ВАРДАР да не ни дозволат организирано да дадеме поддршка на нашиот миленик и да ни ја затворат вратата од нашата трибина,
КОМИТИ нема да бидат дел од реванш натпреварот од четвртфиналниот натпревар од лигата на шампионите.
Поважни им се парите од распродажбата на нашата трибина отколку пеколна атмосфера за сигурен пад на Флензбург во Скопје.
Но, тоа не значи дека нема да ги бодриме
нашите момци во походот кон европскиот трон и финалето во КЕЛН.
Затоа, ВЕ ПОВИКУВАМЕ СИТЕ, да се собереме пред сала, и на платото на видео бим да го гледаме натпреварот и да им докажеме на сите дека нашата љубов е безусловна и дека нема место за луѓе со лични интереси во управата на РК ВАРДАР.

СИТЕ ПРЕД САЛА 18:30 ЧАСОТ !!!

КОМИТИ ЗАПАД !!!